Едно ноќевање чини 480 евра: Во хотелот „Игра на тронови“ се спие на -5 степени
Сместено во близина на Китиле, длабоко во Арктичкиот Круг, на час и пол лет од Хелсинки, е изградено снежноо село инспириран од „Игра на тронови“.
Во„Лапланд хотелс“ има нови 16 апартмани со мотиви од хит-серијата ги дизајнираа професионални скулптори од Русија, Украина, Летонија, Полска, Литванија и Финска.
Температурата во хотелот изнесува -5 Целзиусови степени, па оттаму препорачуваат во него да се остане само една ноќ, а остатокот од престојот да се помине во околните удобни колиби.
Новина во Снежното село е ледена капела, каде што оваа сезона се планирани околу 30 венчавки. Во селото има и кино во кое може да се погледне краток филм за тоа како е направено, потоа леден ресторан и леден бар, каде што можете да се напиете вотка од чаша направена од мраз.
Хотелот ќе биде отворен до 21 април, а цените на собите почнуваат од 480 евра.