Реклама
Дом и семејство

Не расправајте се со пријателите поради оние кои и не знаат дека постоите

Реклама

Не дозволувајте другите да ве контролираат и да управуваат со вас и со вашите чувства

Секоја година е иста.  Сите мислиме дека можеме и знаеме како да го отфрлиме сето она што не е добро и што ни пречи, и да прифатиме некои нови одлуки и некои нови надежи во нашите животи. Но исто така многу често ни се случува да поставиме сосема нереални задачи и очекувања, па затоа и брзо ќе се разочараме и ќе паднеме во депресија.

Маркетинг

Од друга страна нè убиваат и лошите вести, црната хроники, кредитите кои се потепко ги враќаме, работни места што не ги сакаме, негативните луѓе.

А всушност сè може да биде толку едноставно. На крајот на секоја година, најважно е да го најдеме детето од нашето минато. Она што не чека внатре во нас. Она дете што ги носеше одлуките во претходните години.

Маркетинг

И без оглед колку е смешно, сетете се како тогаш, кога бевте дете, одлучивте да се смирите со некого и да му кажете на некој дека го сакате. Во моментот кога сме го заборавиле тоа дете, престана и радоста. А тоа е она што најмногу ни недостига. Ведрина, насмевка и зрнца радости.

Овие денови, кога ни дојде снегот, најразлични работи поминаа низ мојата глава. И наместо постојано да се жалам, нешто што многумина постојано го прават, јас би сакала да трчам низ улица и да фаќам снегулки со ширум отворена уста. По последното училишно ѕвоно од оваа календарска година, ми дојде онака од внатре да ја фрлам торбата високо во воздухот и да врескам од среќа на сиот глас.

Не е важно што тоа не го направив.

Научете да слушате. Желбата да се направи тоа е поважно. Не дозволувајте другите да ве контролираат и да управуваат со вас и со вашите чувства. Препуштете се, глупирајте се (кога никој не нé гледа), носете распарани чорапи, смејте се гласно, пејте песни на сиот глас и кога сте сами… Не расправајте се со вашите пријатели поради оние кои и не знаат дека постоите. Бидете поинакви, но не и со тешко срце. Не отфрлајте ги луѓето само затоа што мислат лево, десно, десно, горе, долу … па нека мислат. Побарајте слични на себе.

Пробајте. Не ви требаат ни супермени ни супржени во вашиот двор. Вашиот двор е само ваш. Јас во мојот сакам уште да бидам Пипи Долгиот чорап.

Среќна Нова година, со сé што ни носи. Тоа сигурно нема да биде најлошото или најдоброто.

Но, тоа ќе биде ново…

Лилијана Радобуљац, Zadovoljna.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button