Трендови

Овој фустан е симбол на сексуалното будење – им стои убаво на сите конфекциски броеви и на познатите им е омилен!

Advertisement

Фустанот на преклоп стои убаво на секоја жена, без разлика на нејзиниот конфекциски број.

Advertisement

Од 70-тите години на минатиот век, кога доживеа апсолутен врв во својата популарност, еден модел на фустан ја држи титулата на универзален модел кој одговара на сите жени и на секоја форма на тело.

Славниот модна дизајнерка Дајан фон Фурстенберг деновиве го прослави 72. роденден, а за таа пригода и во нејзина чест се присеќаваме на фустанот со кој најмногу се прослави. Во прашање е фамозниот фустан на преклоп (wrap up dress – во англиското говорно подрачје).

Advertisement
Кејт Мидлтон во фустан на преклоп од Diane von Furstenberg

Овој модел за прв пат се појави во 30-тите години на 20 век во работилницата на италијанската дизајнерка Елза Шиапарели, а десетина години подоцна на пазарот во Америка истиот модел го носи дизајнерката Клер Макардел.

Фустанот на преклоп на Дајан фон Фурстенберг го доживеа врвот на популарноста во 70-тите години на 20 век.

Џули Делфи во фустан од Diane von Furstenberg

Тогаш овој фустан беше најголем хит…

Култниот фустан од Дајан

Миди моделот направен од џерсеј што се преклопува и се врзува за половината доби големо популарност штом Дајан го промовираше. Во прашање е многу сензуален крој кој одговара на сите жени без оглед на обликот и големината на телото од кој сите беа воодушевени, па фустанот набрзо стана и симбол на еден вид сексуална револуција и сексуално будење на претставничките на понежниот пол.

Дајан фон Фурстенберг

Познатата дизајнерка го ослободи поубавиот пол од облекување строги кроеви кои ја попречуваа сензуалноста и женственоста со патенти и копчиња, истовремено подарувајќи им женствен модел кој максимално го нагласува телото и го истакнува само најдоброто на него.

Кога новинарите ја прашаа Дајана да го коментира непобитниот сексапил на својот генијален фустан, таа без двоумење одговори: „Копчињата и патентите се кошмар кога не сакате да го разбудете човекот додека кришум станувате од неговиот кревет“.

Кејт Неш

Минка Кели

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button