Бикини VS едноделен костим за капење – две изданија на Софија Вергара за почеток на годината
Софија Вергара и на возраст од 47 години има беспрекорно тело
И додека ние не излегуваме од дома без капа, шал и ракавица, познатата актерка ужива на својот одмор во тропските предели.
Таа во друштво со нејзиниот сопруг Џо Манџанело, и судејќи по нејзиниот Инстаграм, се чини дека најголем проблем овие денови и е кој костим за капење да го избере кога оди на плажа.
Еден ден позираше во бели бикини, составени од класичен долен дел и горен дел со карнери. Овој модел беше одличен избор за оваа актерка која и на 47-годишна возраст многумина и завидуваат на линијата.
https://www.instagram.com/p/BsBuSFygN-x/
„Јас буквално би убила за ова тело, напиша една обожавателка под нејзината фотографија со бели бикини.
https://www.instagram.com/p/Br-1pB_AHn0/
Еден ден претходно, убавата колумбиска актерка изгледаше подеднакво добро и во едноделен модел украсен со дезен од комбинација на овошје, зеленчук и цвеќиња, со провокаривни детали под нејзините гради.
https://www.instagram.com/p/BsBnVeLgMAR/
Клечејќи на лежалката на плажата таа успеа да привлече внимание со нејзините исончани, убави нозе.
Од фотографиите можеме да видиме дека каков костим и да избере, не може да погреши.