Реклама
Холивуд

Откако се врати од лечење Селена Гомез не се откажува од овој тренд – што е она што сака да ни покаже со овие „необични“ пораки?

Реклама

Пејачката Селена Гомез доживеа емотивна слом во октомври оваа година, поради што помина неколку месеци на лечење од кое се врати пред само десетина дена.

Излегувањето од клиниката го прослави на скијање со нејзините најдобри пријателки кои ги споделија првите фотографии на пејачката по паузата.

Маркетинг

Насмеана и здрава, Селена ги воодушеви нејзините бројни обожаватели преку социјалните мрежи, а покрај тоа покажа поддршка и за нејзината колешка и пријателка Тејлор Свифт со промотивниот црн дуксер од нејзината последна турнеја што потоа го носеше и на планинарење.

Маркетинг

Но, тоа беше само најава за трендот на кој Селена очигледно добро се навлече. Имено, пејачката по враќањето од лечењето носи само маици со натписи, од кои повеќето имаат мотивациски пораки.

https://www.instagram.com/p/BrjG1IKFlvR/

 

Па така, два дена пред Божиќ, Селена се прошета низ Лос Анџелес со бела маица со текст кој гласеше:

„Благодарна сум за сè што се случува во мојот живот и за сè што ќе се случи. Се обидувам секогаш да дадам сè од себе, бидејќи никој друг нема да го стори тоа за мене “. И навистина овие зборови напишани на маицата потполно се вклопуваат во нејзината моментална животна ситуација.

И само неколку дена подоцна, младата пејачка беше снимена на излез од теретана во друга блуза со многу пократок, но подеднакво симболичен натпис.

„Избери емпатија” – краткиот наптис на црниот дуксер гласи како порака до нејзините хејктери. Селена, на сличен начин му се обрати и на дизајнерот Стефано Габано, кој претходно оваа година ја нарече грда на Инстаграм.

Пејачката се појави на Неделата на модата со шнола во форма на зборот „Ugly“, што на македонски значи грдо.

Но исто така можно е Селена едноставно само да сака да носи маици и блуски со натписи, а во прилог на тоа оди и тоа што деновиве е забележана во Беверли Хилс со џемпер на кој е името и логото на модната куќа Баленсијага.

Но без разлика на тоа која е нејзината причина да ги носи овие модели, сигурни сме дека овој тренд сега ќе стане многу попопуларен од претходно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button