Не можеше да поверува што воочи нејзиниот син на првото Тоблероне во животот – многумина досега не ја виделе скриената слика!
Една твитерџика остана во шок кога нејзиниот син и покажа што видел на чоколадото Тоблероне.
Имено Стефани на својот деветгодишен син за време на божиќните празниците меѓу другото му подари и едно Тоблероне чоколадо за да го израдува. Но, тој не беше толку воодушевен од вкусот на чоколадото, туку многу повеќе од скриената слика што ја забележал на логото.
My son had his first Toblerone today. “What’s the bear for?”
Me: “what bear?”
.
I was today years old when I found out there’s a bear in the Toblerone logo. pic.twitter.com/CmwRO2BFww— Stephanie, not Steph (@upstephanie) December 27, 2018
Advertisement
Нејзиното дете забележало дека на сликата со планината може да се види и мечка која стои подигната на двете нозе.
„Мојот син денес го доби своето прво Тоблероне во животот. И веднаш ме праша ’Мамо, зошто има мечка на сликата?’ ’Мечка? Каква мечка, сине?’ Навистина бев изненадена и не знаев што да му одговорам. Денес прв пат дознав дека има мечка во логото кое се наоѓа на пакувањето на Тоблероне“ напиша таа на Твитер, а потоа започна да истражува на Интернет и откри дека тоа е така затоа што Тоблероне потекнува од Швајцарскиот град Берн, познат како градот на мечките.
Toblerone comes from Bern, Switzerland. Also known as the city of bears. 🐻 🇨🇭
— Stephanie, not Steph (@upstephanie) December 27, 2018
Нејзината објава предизвика дебата на Твитер, и многу признаа дека иако со години го јадат ова чоколадо, самите никогаш не ја забележале скриената слика на пакувањето.
Па, дали вие знаевте за скриената слика на Тоблероне?