Новости

Кралицата Елизабета направи нешто убаво и потполно неочекувано за најстарата внука Зара откако таа имаше спонтан абортус пред Божиќ

Advertisement

Мајк Тиндал откри дека кралицата Елизабета направила нешто убаво за него и за неговата сопруга Зара по нејзиниот спонтан абортус што и се случи пред две години.

Advertisement

Поранешниот рагби играч го помина Божик во Сандрингем, имотот на кралицата, со ќерката на принцезата Ана, Зара, кратко време откако го загубија бебето. Кралицата беше болна за да присуствува на локалната црковна служба истата година, а Зара и Мајк исто така не се чувствуваа расположени да одат на служба, поради несреќата што им се случила.

Но тие биле мошне изненадени што и кралицата решила да остане дома со нив. „Пред две години кралицата не се чувствуваше баш најдобро, па затоа реши да не оди во црква, а и ние не бевме расположени поради спонтаниот абортус што и се случи на Зара, така што бевме заедно, само ние тројцата, а тоа во тие моменти многу и значеше на мојата сопруга“, изјави во една пригода Мајк за медиумите.

Advertisement

Внуката на кралицата, Зара, претрпела две спонтани абортуси во минатото. Таа и Мајк сега се мајка и татко на четиригодишната Миа и шестмесечната Лена.

Мајк исто така за британските медиуми откри и како изгледа Божик со кралското семејство.

„Да, тоа е еден од најубавите денови во кралскиот двор. Можеби за Божиќ е малку потивко од вообичаено, бидејќи на сите им даваат слободни денови, но и за нив Бадник е голем ден. Оние што ќе останат сакаат да ја гледаат серијата Даунтонска опатија и говорот на кралицата“, изјави поранешниот рагбист и додаде дека има изобилие од секаква храна што се нуди во текот на целиот ден.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button