Млада девојка (26) се самоуби неколку часа откако нејзиниот сакан беше прегазен со автомобил од доставувач на Домино пица
По смртта на еден млад британски пар кој живееше во Австралија нивните пријатели за Божиќ собраа пари за помош на семејството за нивниот погреб.
Џејсон Френсис и неговата партнерка Алис Робинсон починаа само неколку часа еден по друг, минатиот викенд во Перт, во Западна Австралија.
Г-дин Френсис (29) минатата сабота им подлегна на повредите што ги доби откако го удри автомобил и тоа во непосредна близина на куќата во која што живееше со г-ѓа Робинсон во предградие на Скарборо, Австралија.
Џејсон се враќал од забава со пријателите од својот рагби клуб и само што се симнал од таксито, бил прегазен, пред неговиот дом, јавува Би-Би-Си. Автомобилот бил управуван од 18-годишно момче кое работело како доставувач на Домино пица . Алис излегла од куќата кога ги забележала светлата за итни случаи и на лице место сведоците и кажале дека тие се првите што стигнале на местото на несреќата. Таа била потполно скршена поради неговата смрт и само неколку часа подоцна и таа била пронајдена мртва во нивниот дом, а полицијата заклучи дека станува збор за самоубиство.
Парот живееше задно осум години и како што напиша нејзината мајка, на социјалните мрежи, Алис едноставно не можела да го издржи притисокот поради губитокот на саканиот и решила да си го одземе животот. Таа го држала за раце својот сакан во болницата се додека тој не починал, а потоа за помалку од 24 часа и таа беше пронајдена мртва во нивниот дом, од страна на еден сосед. Нините пријатели кои имаат само пофални зборови за Џејсон и Алис, за Божиќ собраа 32 илјади долари за помош на семејството.
„Тие и двајцата беа најдобрите луѓе што сум ги сретнал во животот“, изјави Сем Дајмонд, претседател на рагби клубот во кој се приклучил Џејсон. „Џејсон беше вид на личност која секогаш имаше време за секого“, „Тие беа фантастични луѓе” пишуваат на Фејсбук нивните пријатели.
Г-дин Френсис беше во процес да стане пожарникар додека г-ѓа Робинсон работела во дигиталниот маркетинг.