Е сега е вистинското време за црвено – познатите дами ја обожаваат, инспирирајте се од нивниот прекрасен стил!
Нема да погрешите ако оваа страсна боја ја изберете за вашата прослава на работа или дочек на Нова година, но и за Бадник бидејќи во прашање е боја со која ќе додаде елеганција и доза на гламур во вашиот стил.
Црвената боја е симбол на новогодишните празници. Па дури и ако не ви е омилена, во овој период од годината треба да и дадете шанса бидејќи изгледа гламурозно и никогаш не излегува од мода. Во прашање е боја на страста, љубовта и среќата, со која нема да поминете незабележано па токму затоа решивме и денес да се задржиме на неа иако пред само неколку дена објавивме галерија со најубавите црвени чизмички .
Карли Клос
Оваа боја е една од милените и на ѕвездите како Викторија Бекам, Оливија Мун и Карли Клос кои ја носат во најразлични комбинации, а овој Божик не ја прескокна и една од нашите омилени модни икони, Кејт Мидлтон. Погледнете најпрво како тие ги „фураат“ овие страсни нијанси, а потоа и неколку фантастични парчиња од познатите брендови со кои ќе блескате во овој период на забави.
Кејт Мидлтон
Оливија Мун
Викторија Бекам
НАШИ ПРЕДЛОЗИ:
Асиметрични чевли, Mango
Црвен туш за очи, NYX Professional Makeup
Mohito
Mohito
Reserved
NARS црвен кармин во нијанса Shirley, Net A Porter
Zara
Zara
Topshop
Stradivarius
Massimo Dutti