Сопругата на Боде Милер се огласи пет месеци по смртта на ќеркичката
Тие и одадоа почест по повод Божиќ
Откако пред пет месеци, во светот одекна веста за трагичната смрт на 19-месечната ќерка на скијачот Боде Милер и неговата сопруга Морган, потиштените родители ретко се појавуваа во јавноста. Сепак, овој Божиќ одлучија да се огласат и во исто време да и оддадат почест на нивната предвремено почината ќерка. Така, Морган Милер, сопругата на Боде, на нејзиниот профил на Инстаграм објави фотографии од целото семејство како позираат покрај една голема фотографија со предвремено починатата Емелин Гриер која се удави во базенот.
https://www.instagram.com/p/Br0ovLRjHTe/
„И посакуваме среќен Божиќ на нашата девојка која што е на небото. Многу ни недостига! ” напиша Морган.
https://www.instagram.com/p/BkOlJx3jF4L/
„2018. беше година полна со неопислива тага за нас, но истовремено и голема радост. Половина година поминавме во тага и се обидувавме да ги залечиме раните од загубата на нашиот ангел, што се чинеше како невозможна битка, додека во исто време го славиме раѓањето на нашиот син. Сакавме нашите деца да имаат нормален живот и тоа нѐ присили да одиме напред. Инаку јас би му се радувала на новиот почеток во 2019 година, но откако го изгубив детето за мене тоа едноставно е невозможно. Затоа се надевам дека следната година ќе биде здрава и исполнета со личен раст и создавање убави спомени со моите деца. на сите им посакаме убави празници исполнети со љубов”, напиша таа.
https://www.instagram.com/p/BmlpLXXDAje/
Покрај починатата ќерка и новородениот син, парот го има и тригодишниот син Неш Скен, додека Боде од неговите две претходни врски ја има и 10-годишната ќерка Неси Дејси и 5-годишниот син Самуел.
https://www.instagram.com/p/BpzaZaVjKOj/
Морган и Боде пред олтарот застанаа и се заколнаа на вечна љубов во 2012 година, и на нивната голема среќа ништо не може да и застане на патот се до трагичната смрт на ќерката Емелин со која се уште тешко се носат.
https://www.instagram.com/p/BjX7Oo1Dlre/