Исплови видео од тинејџерските денови на Меган Маркл – новопечената војвотка облечена како Баба Мразица пее божиќна песна
Познатата песната сега стана уште поинтересна
Божиќната песна „Santa Baby“ што ја пее Ерта Кит, од 1953 година, е еден од оние задолжителни класици за време на празниците, а сите ние барем еднаш сме ја слушнале во животот. Овој хит го сака и Меган Маркл, а тоа можевме да го видиме и од видеото на кое војвотката како тинејџерка ја пее оваа песна заедно со една нејзина пријателка.
Во видеото, војвотката од Сасекс на главата има божиќна капа и со гордост настапува на сцената пред публиката.
https://www.youtube.com/watch?v=fNl_0VAO_b0
Снимката е настаната во 1998 година кога 17-годишната Меган Маркл сѐ уште беше во средно училиште во Лос Анџелес. Значи пред воопшто и да може да сонува дека еден ден ќе стане позната актерка, па и принцеза.
Меган настапува со Натали Фриман која исто така стана актерка и која можевме да ја гледаме во серијата „Изгубени”.
Инаку, на бремена Меган ова и беше првиот Божиќ што го прослави како член на кралското семејство. И покрај тоа што се шпекулираше дека таа и принцот Хари нема да ги поминат празниците со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, со кои наводно не биле во добри односи, нивните заеднички фотографии го докажаа спротивното.