Мајка се снимаше додека плаче. И додека таа минува низ пеколот, нејзините деца се играат во позадина – „Сите мислат дека водам нормален живот, но…“ (видео)
Софи Меј Лан од Велика Британија објави на Јутјуб видео на кое се снимала самата себеси како минува низ напад на паника, додека нејзините деца си играат во позадина.
Снимката трае две минути, а таа се снима додека се обидува да го скрие паничниот напад од нејзиното семејство.
„Јас само сакав да покажам како всушност изгледаат менталните болести. Имам прекрасно семејство, маж полн со љубов, преубав дом и деца, и повторно страдам од тешка ментална болест. Некои ќе бидат изненадени што мислат дека во такви моменти ќе се сетам да снимам видео, но сакам да ја покажам вистинската, суровата страна на животот. Ова снимање имаше терапевтски ефект врз мене, бидејќи луѓето од околината најмногу ме гледаат како успешна и ’нормална’ жена. Никој не ја знае оваа моја страна”, вели Софи.
„Никогаш не можете да предвидите напад на паника. Тие доаѓаат и се случуваат одеднаш, но, исто така, и кога сум изморена, нервозна или кога некој многу ќе ме разочара. Сакам секогаш да сум тука за моите деца, но понекогаш тоа е ужасно тешко и се чувствувам како да ги изневерувам. Кога сме сами во куќата и имам паничен напад, не можам само да излезам од дома и да барам помош, бидејќи јас сум одговорна за нив. Затоа само чекам да помине“, вели оваа мајка.
Инаку, едно истражување спроведено од порталот „ChannelMum.com“ вели дека околу 85 отсто од мајките во одреден момент во бременоста или во првите месеци со бебето доживуваат некаков вид на анксиозност или општи проблеми со менталното здравје. И повеќе од половина од нив тврдат дека лекарите не ги предупредиле. И на сето тоа, околу 23 проценти од родителите признале дека имале паничен напад додека ги чувале децата.