И Кејт е една од нас.
Иако се чини дека секогаш држи сè под контрола, очигледно дека и војвотката од Кембриџ купува божиќни подароци во последен час. Или барем тоа и се случи оваа година.
По се изгледа дека познатата мама со сина крв поради родителските, но и кралските обврски не успеа да купи подароци за сите за време на викендот во пресрет на Божиќ, па заедно со малиот Џорџ и неодоливата Шарлот во последните часови во саботата купуваше во супермаркет во Норфолк, каде што беше забележана од обожавателите.
https://twitter.com/The_Cambridgess/status/1076984351878012934
Кејт на фотографиите стои покрај касата и изгледа поприлично среќна од нејзиниот шопинг. И покрај тоа што ние најмногу го сакаме нејзиниот кралски стил, мораме да признаеме дека ни се допаѓа и ова лежерно издание со кежуал зелена јакничка и коса врзана во коњско опавче.