Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жена Скорпија: Не игра по туѓи правила, туку поставува свои

Реклама

Малку мрачна, прилично таинствена и магнетски привлечна – тоа е жената Скорпија. Секако, таа добро знае дека мажите сакаат да веруваат дека тие заведуваат и освојуваат, па затоа паметно ја игра својата улога. Не дозволува да биде измамена, зашто правилата на игрите ги одредува самата.

Нејзиното најсилно оружје е нејзиниот неодолив поглед кој немилосрдно го руши и најтврдиот оклоп. Мажот кој ќе ѝ се приближи да ја заведе со лаги, брзо ќе се откаже, затоа што ќе се растопи од тие неодоливи очи. Наместо со зборови, таа ги крши машките срца со својата нескротлива енергија. Драги мажи, не очекувајте оваа жена да ви се „закачи“ околу вратот и пред пријателите да ја прикажувате како ваш трофеј. Таа секогаш ќе биде воздржана и јасно ќе ви даде до знаење дека треба да се чувствувате среќни што ве одбрала токму вас.

Маркетинг

Ако ја повредите, подгответе се да ја запознаете нејзината мрачна страна. Таа е злопамтило, никогаш не заборава и тешко простува. Дури и кога другите ќе ја убедуваат да заборави, таа и понатаму ги памети оние кои ја повредиле. Кога сака, сака со целото свое битие и истото го очекува од својот партнер. Ако сте во врска со жена Скорпија, запаметите дека за вас смее да постои само она, и тоа подеднакво физички и психички. За неа не се модерни врски каде што секој партнер го задржува својот дел на слобода. Таа сака врска со маж кој ќе биде само нејзин, додека смртта не ги раздели.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button