Хрватска пејачка ослабна 50 килограми и стави силикони – денес изгледа непрепознатливо
Хрватската пејачка Мартина Врбос македонската публика имаше можност подобро да ја запознае преку реалното шоу „Сурвајвер“ во својата втора сезона со познати личности, која се емитуваше во 2012 година.
Мартина ги освои симпатиите на гледачите на ова реално шоу со својата отвореност и шарм, и по реалното шоу продолжи да се занимава со својата пејачка кариера, но и да експериментира со својот физички изглед. Имено, таа не успеа да го изгуби вишокот килограми во ријалитито, а и по него продолжи да се дебелее, се до еден момент реши посериозн0 да се справи со овој проблем. И тоа го направи успешно.
https://www.instagram.com/p/BllqcqOFqCX/
Имено, три години подоцна Мартина успеа да изгуби неверојатни 50 килограми, ги исправи забите и вгради силикони во градите. По оваа трансформација, Мартина почна да ги доживува најубавите работи во приватниот живот. Го сретна бизнисменот Богољуб Видаковиќ, поради кој се пресели во Белград истата година.
https://www.instagram.com/p/BmQrvOIFteJ/
Двајцата тајно се свршија истата година во Истра, а минатата година го добија и нивното прво дете, синот Коста.
https://www.instagram.com/p/BoevmjkF7JY/
Колку пејачката е среќна со своето семејство, зборуваат нивните заеднички фотографии на нејзиниот Инстаграм профил. Пејачката го посвети целото внимание на семејството и ја батали нејзината кариера, и не е познато дали наскоро планира да се врати на музичката сцена.
https://www.instagram.com/p/BkYkHvfFMDq/
Во продолжение погледнете и некои од нејзините стари фотографии од кои таа очигледно не се срами, па дури и самата ги споделува на Инстаграм и фејсбук >>