Оваа фотографија ги изненади сите!
Првата Нутела е направена на 20 април 1964 година, од фабриката на семејството Фереро, во италијанскиот град Алба, а денес се смета за најпопуларен крем на светот. Иако производителите се обврзани да ги наведат сите состојки што се користат за овој производ на декларацијата, малкумина знаат што значат овие вредности на етикетите. Исто така, многу мал број луѓе можат да ги визуелизираат посебните состојки на еден производ.
Овие денови на социјалните мрежи со брзина на светлината се шири фотографијата на која што графички е прикажано што сè се наоѓа во популарниот крем од лешници.
Всушност оваа слика ни покажува дека во Нутела има најмалку лешник и какао, но затоа има значителна количини на шеќер и само малку помала количина на масло од палма, кои се сметаат дека се канцерогени. Според Европската агенција за безбедност на храната, палмовото масло е повеќе канцероген од било кое друго масло. Компанијата Фереро издаде соопштение за медиумите во кое се наведува дека сите состојки што ги користат за Нутела (вклучувајќи го и палмовото масло) се со проверен и безбеден квалитет
Се уште не е потврдено дали овие размери се целосно точни, но ако овие податоци се и само приближно точни, треба да бидеме максимално претпазливи со овој производ.
Во дискусијата што се разви откако сликата беше споделена на форумот „Reddit“ се вклучи и нутриционистката Меган телпнер, која на својата веб страница ги наведе петте причини зошто треба Нутела да биде забранета.
Според неа, најголем проблем е во тоа што претставува крем со толку многу количество на шеќер, а се претставува како здрава опција за појадок. „Ајде да го наречеме со вистинското име – десерт”, порачува Телпнер, наведувајќи дека две лажички Нутела содржат дури 200 калории.
Исто така, компанијата одби да ги потврди или негира точноста на овие информации, тврдејќи дека рецептот за нивиниот крем е тајна. Сепак, нутриционата таблица што се наоѓа на задниот дел на секоја тегла вели дека во секоја лажица Нутела содржи 8,5 грама шеќер. Ако знаете дека во лажицата може да се зафати меѓу 20 и 25 грама Нутела, доаѓаме до податокот дека една тегла од 400 грама Нутела содржи 227,2 грама шеќер. Тоа е повеќе од половина од вкупната тежина.
Можеби ваквите фотографии се поучни и ќе ја намалат нашата потреба за засладување? Или, барем да го зголемиме нашето внимание на она што го внесуваме во себе, или што им даваме да јадат на нашите деца?!