Љубомората е чувство кое тешко може да се раздвои од љубовта, но исто како што може да ја уништи врската, не е добро и ако воопшто не постои.
Овните – често прават сцени
Припадниците на овој знак имаат проблем со апсолутната доверба, и затоа внимателно ги следат потезите на својот партнер и ги анализираат. Тие импулсивно реагираат на појавата на сомневање, и моментално избувнуваат, без разлика каде се и со кој се наоѓаат .
Бидејќи се темпераментни, од Овните можете да очекувате сè – од фрлање чинии до гаѓање со прстени, па дури и закани.
Лав – посесивност
Припадниците на овој хороскопски знак се прилично склони кон љубомора, но таа не е толку груба како кај другите ликови, и често се чини само како потврда за љубовта и нивните интереси. Тие најчесто се љубоморни кога им е повредена гордоста, кога имаат прекумерни очекувања од партнерот или страв дека не ги сакаат доволно, а од неверството повеќе се плашат поради тоа што ќе биде погодено нивното его, отколку од предавство на љубовта.
Шкорпија – не можe да го сoкрие очајниот израз на лицето
Шкорпиите се најљубоморниот знак на Зодијакот, иако постојат исклучоци. Во суштина, кога изразуваат љубомора, воопшто не се тактични, не избираат зборови и можат да се чувствуваат очајно изневерени и тоа поради работи на кои други нема ни да реагираат.
Тешко отворено ќе ја признаат љубомората со зборови, но тоа ќе биде јасно исцртано на нивните лица.