Рецепти

Брз и здрав ручек во вок тава готов за помалку од 60 минути

Реклама
Реклама

Подготвувањето храна во уникатната вок тава го освои западниот свет, а веќе некое време ги освојува и нашите срца.

Во прашање е брз и едноставен начин за подготовка на оброци во кои можеме да експериментираме со различни видови храна, и што е најдобро од сé, богати со различни вкусови. Подолу ќе најдете предлог за ручек што ќе го подготвите со овие упатства за помалку од 60 минути.

Маркетинг

Состојки:

1/2 чаша ориз (басмати)
1 кромид (средна големина)
1 чешне лук
2 моркови
1/2 шолја целер
1 црвена пиперка
1 лажичка ѓумбир
маслиново или кокосово масло
соја сос
сол, бибер, чили (по избор)

Маркетинг

Подготовка:

Исечете ги морковите и пиперката на ленти. Кромидот на коцки, лукот на што помали парчиња, ѓумбир и целерот измелете. Во вок тавата, загрејте го маслото и додадете лук и кромид. Нежно ги динстајте. Кога ќе омекнат, додадете го морковот и другиот зеленчук. Додадете сол и бибер и сé заедно печете околу десет минути. Проверете дали зеленчукот е мек и додадете две до три лажички сос од соја и чили. Оризот измијте го во студена вода. Ставете вода да зоврие и потоа додадете го оризот и варете 12 минути. Кога оризот ќе се свари, ставете го во тавата со зеленчук и добро промешајте.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button