Прво, нивниот однос беше само пријателски, но потоа Енџи во еден момент сфати дека има силни чувства кон него.
Познатата актерка и хуманитарка Анџелина Џоли веќе со години се бори со разводот од актерот Бред Пит, а поранешните брачни другари неодамна успеаја да постигнат договор за старателство и расподелба на имотот.
Ова непријатно искуство би ги исцрпило сите, а и на Анџелина не и беше лесно, па, наводно, побарала утеха во рацете на нејзиниот колега и пријател, Џаред Лето.
https://www.instagram.com/p/BnJ4YGGHert/
Како што изјави изворот за странските медиуми, оваа двојката станува се поинтимна, а иако со години се пријатели, помеѓу нив се раѓа нешто што е повеќе од тоа.
„Џаред и се обратил на Анџелина пред неколку недели поврзано со филмот на кој работи. Тој сака и Анџелина да се појави во него, па почнаа многу време да поминуваат заедно. Прво тоа беше само пријателски, но потоа Енџи сфатил дека за него крие силни чувства” , изјави изворот за медиумите.
https://www.instagram.com/p/BrTXHkhDsYe/
Тој додаде дека Џаред и обезбедува голема емоционална поддршка и дека тој е причината поради која актерката не потклекна под притисокот што и се случува во последно време. Ако овие тврдења се точни, нивниот однос напредува многу брзо. „Џаред се пресели кај неа и живее таму веќе неколку месеци. Нејзините деца мислат дека станува збор само за добар пријател и ништо друго”, заклучува изворот.