Еден немилосрден ловокрадец од американската држава Мисури со одлука од тамошниот суд е принуден да го гледа анимираниот филм “Бамби” еднаш месечно додека ја отслужува едногодишната затворска казна за убиство на неколку стотици елени, објавија американските медиуми.
Дејвид Бери Џуниор беше осуден на 15 месеци затвор откако се изјасни за виновен. Официјални лица изјавија дека ова е еден од најголемите случаи на нелегално убиство на дивеч во историјата на Мисури.
Окружниот судија, Лоренс, наредил човекот кој имал 29 години да го гледа најмалку еднаш месечно цртаниот филм „Дизни” од 1942 година, во кој една срничка ќе остана без мајка поради ловокрадците, пренесе „Ен-Би-Си Нов”. Се верува дека Бери и членовите на неговото потесно семејство се одговорни за убиство на неколку стотици елени во период од три години, навадуваат тамошните власти.
https://www.youtube.com/watch?v=wtp6tLA9gFg
Официјални лица велат дека главите со еленските рогови носени како трофеи, главно ноќе, а телата оставани.