Речиси незамисливо е една љубовна врска да помине без ниту еден љубовен испад. Некој е посесивен и по природа пољубоморен, додека пак други умеат да се контролираат. А каква е врската помеѓу хороскопските знаци и љубомората, дознајте во продолжение.
Овен
Без оглед на тоа што Овните се личности кои зрачат со самодоверба и се многу пријателски настроени, ако сте во врска со некој роден во овој хороскопски знак, очекувајте драма. Жените родени во овој знак често знаат да се расплачат и да се сомневаат во верноста на нивниот партнер.
Бик
Биковите се позатворени личности и речиси никогаш не ги искажуваат емоциите. Многу се рационални и нема да покажат отворено дали нешто им пречи и дали се лути. Себеси сакаат да се лишат од љубоморни сцени и испади.
Близнаци
Близнаците се познати како личности кои често го менуваат расположението, лицемерни се, неодлучни и склони кон изневерување. Ако сте во врска со Близнаци, тогаш подгответе се на чести испрашувања и љубоморни сцени. Тие знаат да бидат љубоморни дури и кога не постои причина за тоа.
Рак
Раковите не се претерано љубоморни, туку се мирни и стабилни личности. Кога некој сакаат, тие се многу посветени и истото го очекуваат за возврат. Ако станат љубоморни,т оа е знак дека на врската ѝ дошол крај.
Лав
Лавовите не обрнуваат многу внимание на другите, самите себеси си се најважни и многу се себични. Речиси невозможно е да видете љубомора во нивното однесување, а кога ќе почувствуваат дека е крај, едноставно се свртуваат и си заминуваат без објаснување.
Девица
Девиците умеат да бидат екстремно љубоморни, но само кога ќе им биде дадена причина. Доволно е да ги погледнете во очи и да видите какви чувства се присутни.
Вага
Вагите сакаат две работи: Да бидат сакани и да избегнат конфликт. Тие избегнуваат отворено да ја покажат својата љубомора и најпрво ќе кријат во себе, отколку отворено да ги покажат своите чувства.
Скорпија
Најљубоморниот хороскопски знак! Уште од малечки овие личности биле љубоморни на своите врсници и на нивните играчки, а во љубовта често го гушат својот партнер токму со нивната љубомора.
Стрелец
Стрелците ретко се љубоморни, а кога се, тоа никогаш не би го признале. Сепак, ако ги изневерите, не само што никогаш нема да ви простат, туку и ќе ви вратат дупло.
Јарец
Љубомората е нивното второ име, но никогаш не зборуваат на таа тема. Добрата работа кај нивната љубомора е кога ќе добијат целосна доверба во вас, таа веднаш исчезнува.
Водолија
Овие личности по природа не се многу љубоморни, но кога некој ќе направи да почувствуваат љубомора, тие се свртуваат и заминуваат без никакво објаснување.
Риби
Тие не знаат за љубомора и нивната врска со Скорпија би била вистинска катастрофа. Смирени се и не знаат за превара. Ако станат бар малку љубоморни, тоа значи дека сте ги разочарале и длабоко сте ги повредиле.