Најубавата жена на светот, Моника Белучи, објави фотографии од почетокот на кариерата и на милиони им го разубави денот
Моника Белучи, наводно, има ново момче.
Во прашање е Никола Лефевр кој од актерката е помлад цели 18 години, и сите италијански медиуми постојано пишуваат за нивната нова романса. Љубовта со 36-годишниот уметник започна пет години по нејзиниот развод, но актерката сè уште се нема огласено за овие шпекулации.
Наместо тоа, на нејзиниот профил на Инстаграм, објави нова секси фотографија, но истовремено не потсети и на почетоците од нејзината кариера.
https://www.instagram.com/p/BrmTUNNAXtn/
Актерката објави фотографии од снимањето за познатиот магазин „Elle“ од 1987 година, и архивите на модни фотографи од тоа време ес вистинско богатство.
Моника беше модел во раните осумдесетти години, а подоцна беше откриена најпрво од страна на италијанската, а подоцна и од холивудската филмска индустрија. Иако денес има 54 години, таа се уште е една од најубавите жени во светот. Нејзиниот изглед, како што вели таа во едно интервју, го должи на својот начин на живот во кој секогаш има места за вино, тестенини и секс. Таа не е оптоварена со вежбање и верува дека убавината навистина доаѓа од внатре.