Шик сандали од „H&M“ со кои ќе го подигнете секое издание
Време е за забави, бројни вечерни лудории, приватни журки во куќи и станови, а потоа следува и најлудата ноќ во годината. И вечерта по Нова година. Па доколку се уште немате совршен пар чевли со кои ќе ги заокружите вашите вечерни комбинации, ви предлагаме да ги погледнете овие шик модели од познатиот шведски бренд „H&M“.
Во прашање се сандали со дебели потпетици поради кои без проблем ќе можете да танцувате во нив преку цела вечер, зачинети со светки. Покрај синиот модел од кадифе можете да ја изберете и црната варијанта од превртена кожа и со сребренаи „глитер“ потпетици, како и нежно розовиот модел кој се зачинети со пердуви на предниот дел.
Сите три модели се продаваат по цена од 24,99 евра, а како изгледаат погледнете во продолжение: