Северина заблеска во сандалите од Сен Лоран што можевме да ги видиме и на ревијата на оваа модна куќа.
Познатата хрватска пејачка непосредно пред Божиќните празници со фановите подели уште еден волшебен стајлнг со хаштаговите #volimstosevolimo и #ljubavaseljubavljuvraca. Таа заблеска во преубавиот фустан и гламурозните сандали со кои привлече најмногу внимание.
https://www.instagram.com/p/Bc9j-6OAaQA/?utm_source=ig_embed
Во прашање е романтични црни сандали со потписот на парискиот Сен Лоран и тоа еден од водечките модели за оваа сезона кој го видовме и на нивната ревија. Сјајните црни кожени сандали се украсени со бајковита, предимензионирана панделка која им дава посебен шарм, а достапни се за 795 евра на официјалната страна на брендот
Па дали ви се допаѓа луксузните сандали на Севе?