Реклама
Хороскоп

Славата треба да се слави скромно – еве што треба да направите за да НЕ се огрешите на тој ден

Реклама

Иако во христијанскиот дух е славата да се одбележи скромно, во последниве децении сведоци сме на вистински гозби кои се направени во чест на овој семеен празник, а понекогаш се случува домаќините од тоа да направат вистински спектакл, па често ќе поканат и трубачи да се одбележи денот.

Исто така, не можете да ги прескокнете и подароците кои гостите им ги носат на домаќините, кои се повеќе се луксузни од година во година, а понекогаш и поприлично чудни. Па така се случува жените од славеничкиот дом да добијат долна облека, козметика, есцајг или нешто слично, а и на децата не се заборава, па тука се луксузните играчки и слични работи. Но свештениците не потсетуваат дека славата означува сеќавање на починатите и треба да служи и за духовна смиреност и мир со соседите. Ова е време кога, ако има некои спорови меѓу нив, тоа да се измазни и на маса да се седне со духовен мир и без лути чувства кон најблиските. На кратко, славата е состанокот на љубовта и не треба да биде гламурозна.

Маркетинг

Многу пати се случува луѓето на денот а славата да ја заборават најважната работа, а тоа е да отидат во црква, да се причестат и исповедаат, како на почетокот од годината би влегле духовно чисти. Но и покрај ова, повеќето луѓе, сепак игнорираат и целото внимание е насочено кон прославата, каде што пред гостите се обидуваат да принесат што поразновидна и побогата гозба. Сепак, ништо од ова не е потребно.

https://www.instagram.com/p/BrfGJ52AWTb/

Маркетинг

Најважно е на масата да има свеќа – во спомен на мртвите, славски колач – кој претставува жртва и затоа е многу важно самостојно да го направите наместо да го купите, и пченица – кој не се нуди за покој на душата на светителот, туку за мир на душите на предците што ја славеле славата пред нас, што значи дека е потполно погрешно верувањето на одредени верници дека пченицата се подготвува за „живите светци”.

Што се однесува до подароците, во старите, поскромне времиња на домаќините им се носеше она што гостите сами рачно го создале, што значи колачи, тестенини, леб, но соодветно би било и вино, јаболка, брашно …

Значи да не заборавиме – суштината е во скромноста, но и во тоа оној што слави да не се фрла во големи трошоци, бидејќи тоа не е потребно. Сепак, модерните луѓе се повеќе ги зголемуваат своите трошоци за слава, па оние кои биле погодени од економската криза склони се дури и да не ја слават славата, ако не можат на гостите да им понудат богата гозба. Ова, се разбира, е голема грешка – славата треба да се слави со достоинство и скромно.

Значи, не грижете се за ситуацијата во вашиот паричник! На денот на вашата слава отидете во црква да се причестите и исповедате , а потоа со мир во срцето и без лути мисли пречекајте ги гостите. Не е важно со што ќе ги послужите, важно е да влезете во новата година духовно чисти со семејството и со вашите драги луѓе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button