Вирално

Приказна што собра преку 30.000 лајкови – ова е најлудата лага на светот

Advertisement

Која беше најголемата лага што некогаш сте ја кажале и сте се извлекле „живи“- праша некој на „Reddit“, а некои од одговорите што луѓето ги напишаа беа навистина урнебесни.

Advertisement

Меѓу нив се истакна приказната на Orange_Kid, која всушност е една класична приказна за непрочитана лектира. Ја знаете сите, детето не ја прочитало книгата и го избира поедноставниот начин – да го изгледа филмот.

„Тоа беше на час по англиски јазик во седмо одделение, моравме да изберете било кој долго роман да го прочитаме и да го прераскажеме пред останатите во класот, кои можеа да поставуваат прашања. Го одбрав „Сјаење“ и ако решив да го прочитам ќе сфатив дека навистина е интересен роман, но дете во седмо одделение повеќе сакаше да ира видео игри отколку да чита дебели, досадни книги. Учителката на секој час одвојуваше по неколку минути да ги читаме книгите кои ги одбравме, и сфати дека јас баш и не читам многу. Таа ми кажа дека морам повеќе да читам дома, и јас ја уверував дека брзо читам и дека набргу ќе ја прочитам. На ден пред презентацијата, не прочитав ништо. Го позајмив филмот, и го изгледав два пати за да го запомнам материјалот.

Advertisement

За време на презентацијата лабаво се држев до заплетот, позајмив неколку критики за пишувањето на Кинг што го видов на Интернет, им одговорив на прашањата на колегите … Но, учителката беше скептична. Тоа е популарен филм базиран на книга и нејзе и беше јасно дека нема шанси да ја прочитам. Знаев дека на крајот таа поставува прашања и бев нервозен. На крајот, ја прашав кое е нејзиното прашање.

Учителката: Се прашувам дали можете да ни кажете главните разлики помеѓу книгата и филмот.

Сра*е. Срцето ми застана за момент, а потоа се сетив: ’Жал ми е учителке, не знам … Не сум го гледал филмот ‘”, пишува авторот на приказната која собра преку 34.000 допаѓања на популарната социјална мрежа „Reddit“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button