Откако Кендал Џенер во понеделникот на доделувањето на Британските модни награди се појави во транспарентен фустан под кој во преден план блеснаа нејзините брадавиците и тангите, сега многу сличен модел носеше и нејзината помлада сестра Кајли.
21-годишната сопственичка на бјути империја на својот Инстаграм објави фотографија на која носи фустан направен од проѕирен тил, покриена со бисери и светкави каменчиња, а со потписот на дизајнерот Јусеф Аљасми. Таа откри дека во истиот фустан ќе позира заедно со остатокот од семејството Кардашијан-Џенер за нивната Божиќна честитка.
https://www.instagram.com/p/BrWALt9h4KI/?utm_source=ig_embed
Во шик и блескаво издание и со платинесто руса коса врзана во високо коњско опавче на прв поглед потсетува на Бритни Спирс од почетокот на милениумот, па моравме да погледнеме двапати за да бидеме сигурни дека на фотографијата не е познатата поп ѕвезда.
https://www.instagram.com/p/BrWA8-JnVoX/
Кајли објави и една фотографија со која го покажа предниот дел од нејзиниот фустан, под кој за разлика од Кандал, носеше градник, најверојатно затоа што станува збор за издание за семејна честитка. Навистина сме заинтересирани да видиме што ќе носат и останатите сестри.