Ексклузивна презентација на новиот божиќен асортиман на Краш, која се одржа во просториите на најслатката фабрика во Хрватска, ги израдува сите гости што беа присутни на овој интересен и несекојдневен настан.
Фоајето на зградата во која секојдневно се создава чоколадната магија се претвори во прекрасен Краш зимска населба исполнето со џуџиња, топки, светилки, Краш херои од животинското царство и вкусни пралини и чоколадна фонтана. Најсјајната ѕвезда на годинешниот празник дефинитивно беше нивната позната Бајадера. Нејзиното ново пакување во форма на книга ја крие историјата и приказната за овој безвременски десерт.
Со оживувањето на приказната за Бајадера Краш фабриката ги оживеа и традиционалните, добро сочувани чоколадни рецепти на Рунолист и Триумф. Овие легендарни вкусови во своето оригинално пакување доаѓаат под името Краш класици и се задоволство за сите вистински љубители и познавачи на чоколадото и оние кои во своите Божиќни подароци сакаат да подарат дел од историјата.