Продолжува опсесијата по овие митски суштества …
Дури и ако не сте склони да правите декорации за вашиот дом, сигурни сме дека и за вас има нешто чудесно во овие празнични „направи сам“ проекти. Во продавниците секако дека не фалат опции, но за уникатните и посебни украси што ќе го носат вашиот печат сепак потребно е малку труд.
За овие интересни еднорози ќе ви требаат лампиони или кугли кои можеби веќе ги имате дома. Можете да ги направите и од транспарентно стакло кое исто така ќе изгледа многу интересно. Дополнително, потребна ви е фимо-маса за рогот на еднорог, која наликува на пластелин, а со печење ќе ја добиете формата што ви е потребна. Роговите можете да ги направите и од фолии кои ќе ги свиткате во ленти, завиткајте ги една околу друга и залепите ги на куглите. Ушите можете да ги направите од поцврст материјал или сунѓерчиња за бришење лице (или хартија), а очите нацртајте ги со фломастер и додадете грива од памук, бисери, кристали и слично.
https://www.instagram.com/p/BcGd5pJBOlk/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bbs2_mBnoGJ/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bbj94qaFD_n/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BbqnrEMDquq/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BaegC5sFvRK/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bcie8WnFvyx/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bcfq8xzg8-m/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bb4SmIajY0s/?utm_source=ig_embed