Реклама
MAMAРецепти

Посни палачинки: Најлесниот рецепт без млеко и јајца

Реклама

Повеќе не мора да го избегнувате омилениот десерт за време на постовите!

Кога доаѓаат деновите за постење, понекогаш тешко ни доаѓа да ја избегнуваме вкусната храна.

Маркетинг

Но, тука не мора да спаѓаат и палачинките. Доколку мислевте дека не можат да се направат без јајца и млеко, тогаш се лажете, а овој рецепт ќе ви го покаже тоа!

Потребни состојки:

  • 8 лажички зејтин
  • 1 литар топла вода
  • 1,5 лажичка сода бикарбона
  • 1,5 лажичка прашок за пециво
  • 1,5 лажичка шеќер
  • 500 грама брашно
  • Малку сол

Начин на подготовка:

Маркетинг

Водата и маслото додајте ги во претходно измешаните суви состојки. Изматената смеса пржете ја во тавче кое при секое ново додавање на тестото ќе го подмачкувате со малку зејтин. Ако палачинките ви испаднат малку тврди, ви предложуваме да ги оставите затворени во сад околу 15-тина минути, за да омекнат, а потоа да ги намачкате со џем, мед или нешто друго по ваша желба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button