Вирално

Херој: Куче кое го преживеало пожарот во Калифорнија го чувало домот со недели

Advertisement

Куче, кое го преживеа катастрофалниот пожар во Северна Калифорнија, пред два дена се сретна со својата сопственичка Андреа Гајлорд (75).

Кучето еден месец седело пред изгорениот дом, чекајќи ја Гајлорд да се врати.

Advertisement

Андреа Гајлорд избегала кога избувнал пожарот на 8 ноември, а оваа недела конечно и беше дозволено да ја види изгорената покуќнина. Додека била отсутна, за Медисон се грижела спасителката на животни, Шајла Саливан, која одговорила на барањето на Гејлорд да го види кучето кое останало пред домот.

Шајла првпат го забележала машкиот анадолски овчар неколку дена по избувнувањето на пожарот.

Таа вели дека кучето на почетокот било загрижено и се држело на дистанца. Шејла редовно му оставала храна и вода. Таа исто помогнала да го го пронајдат братот на Медисон, Мигел, кој бил однесен во засолниште оддалечено 135 километри од местото каде беснеел пожарот. Сега Медисон е повторно со неговиот брат и со сопстевничката Гајлорд.

Advertisement

Гејлорд изјави дека не може да најде подобро животно.

-Замислете ја лојалноста, да седи тука во најлоши околности и да чека, вели таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button