Кејт и принцот Вилијам решија со овој необичен потег да им стават крај на гласините за нетрпеливоста во семејството
Сепак наскоро ќе бидат заедно
Веќе некое време се шушка дека во британското кралско семејство се нарушени односите Но за да им стави крај на овие гласини, кои најмногу се однесуваат на нетрпеливоста помеѓу Меган Маркл и Кејт Мидлтон, принцот Вилијам и војвотката решија да направат несекојдневен потег и да го поминат Божик заедно во Сандрингем и тоа токму со Меган и Хари.
Во Сандрингам, двајца браќа и нивните жени традиционално ќе се дружат за божиќните празници
Долго време е познато дека Кејт и Меган не се премногу блиски, но сега нивниот однос ескалираше до степен до кој Хари и Вилијам почнале да се оддалечуваат, иако беа многу блиски. Очигледно, поради оваа ситуација, Хари одлучи да направи ново семејно гнездо со својата три години постара сопруга во Фрогмор Котич, куќа во Виндзор.
Поради сето ова, веста за заеднички Божиќ ги изненади сите. Имено, Кејт и Вилијам со децата требаше да го дочекаат Божиќ со семејството на Мидлтон, а Меган и Хари во Сандрингем, најверојатно со нејзината мајка, Дорија Раглен, но на крајот тие сепак заедно ќе ги прослават празниците.