Понудата на шампони за побрз раст на косата е голема, но постои и рецепт којшто нема да ве чини многу, а е еден од најефикасните и е доста популарен и меѓу оние кои се борат со косопаст.
Потребни состојки:
– 750 милилитри шампон од коприва
– Шишенце маслени АД капки
– 100 милилитри пантенол
– 50 милилитри рицинусово масло
– 30 милилитри капки од коприва (може да се најдат во аптека)
Подготовка:
Користете шише од шампон од еден литар (може да преточите од пакувањето од шампонот од коприва од еден литар и да го дополните пакувањето). Додадете ги сите наведени состојки.
Користете го на секое миење и задолжително протресете пред употреба.
Резултатите се видливи по 20-30 дена од почетокот на користењето.
ВАЖНО: Доколку имате сува коса изоставете го пантенолот или ставете помалку (30-50 милилитри).