Дете му испрати на својот починат татко честитка во рајот, одговорот што го доби ќе ве остави без зборови
Седумгодишниот Џејс Хајндман од Шкотска, кој му испрати на својот татко роденденска честитка во рајот, доби писмо од британската Кралска пошта во која се наведува дека честитката безбедно е испорачана.
Мајката на детето, Тери Копленд, го објави писмото што го добија од Кралската пошта на својот Фејсбук профил, наведувајќи дека со тој гест и ја вратиле вербата на луѓето, објави БиБиСи.
„Не можам да опишам колку (Џејс) е емотивен поради сознанието дека татко му ја добил честитката”, вели мајката на момчето за британските медиуми.
Шон Милиган од Кралската пошта, како одговор на писмото на Џејмс, напиша: „Само сакав да ја искористам можноста да ве контактирам и да ве известам дека успешно го доставивме вашето писмо до твојот татко во рајот. Тоа беше навистина тежок предизвик да се избегнат ѕвездите и другите галактички предмети на патот кон рајот”.
Џејс и неговата 10-годишна сестра Нивес секоја година го одбележуваат роденденот на нивниот татко, кој ненадејно почина во мај 2014 на само 28 години.