Рецепт за најмеките крофни на светот
Бомболони или италијански мини-крофни често носат епитет на благо кое е меко како перце и исчезнуваат во секунда!
Традиционално, се полнат со ванила крем, но овој пат ќе го замениме со омилената Нутела, се посипуваат со шеќер (за разлика од нашиот традиционален рецепт во кој крофните се посипуваат со шеќер во прав). Верувајте ни, ова е рецепт на кој секогаш ќе му се навраќате кога ќе имате желба за благо.
Состојки
За овие крофнички потребни ви се: 200 ml млеко,1 лажица шеќер, 6 g инстант квасец, 250 гр меко брашно, 250 гр тврдо брашно, прстофат сол, 50 мл масло, изрендана кора од лимон или портокал, 3 жолчки,
Плус масло за пржење, шеќер и Нутела!
https://www.instagram.com/p/BbinJq9AvjG/?utm_source=ig_embed
Подготовка:
Најпрво додадете го шеќерот и квасецот во млекото и оставете да отстои 15 минути. Измешајте ги двата вида брашно, додајте сол и ако сакате корка од еден лимон или портокал, додадете масло и трите жолчки.
https://www.instagram.com/p/BZsPRU1AZ-I/?utm_source=ig_embed
Потоа додадете го млекото и месете од 10 до 15 минути. Поделете го тестото во топки (топката треба да биде околу 30 грама и ќе ви излезат околу 30 топки). Топките ставете ги на крпа на која што сте попрашиле со брашното, покријте ги со друга крпа и оставете ги да растат 20 минути од секоја страна.
https://www.instagram.com/p/BZz7GJWgDmh/
Пржете ги во топло масло од секоја страни и кога ќе добијат златна боја, готови се! извадете ги на салфетки што ќе го апсорбираат вишокот масло и наполнете ги со Нутела. Се препорачува да се јадат топли и да НЕ се оставаат за следниот ден, но верувајте ни тоа воопшто и не може да ви се случи!