Монструозен настан што се случи во соседството
Полицијата во Белград приведе 22-годишен маж поради сомнеж дека извршил дело тешко убиство
Тој е уапсен откако во болницата во Земун почина неговото петмесечно бебе. На обдукцијата е утврдено дека бебето имало скршени ребра, отоци на главата и рацете, пишува „Пинк.рс“. Според полицијата осумничениот го удрил неколку пати со тупаници, по што тоа починало во болницата.
Осомничениот на сослушувањето во полицијата го призна тешкото кривично дело убиство.
По налог на судиите одреден му е притвор од 48 часа.
Стоп за насилството врз децата!
Секоја година неколку стотици милиони деца се сведоци на семејно насилство. Најголем број од децата жртви на семејно насилство се однесуваат на физичко и психичко насилство врз деца, врсничко насилство и негрижа врз дете. Овие податоци го потврдуваат фактот дека, во минатото, но за жал и сега родителите често физичкото насилство, но и психичкото ги користат како мерки, со кои се обидуваат да го наметнат својот авторитет и на таков начин да ги воспитаат и дисциплинираат своите деца. Ова го прават и некои воспитувачи. Но тоа е погрешно! Од тие причини ние како медиум отсега па во иднина ќе објавуваме текстови кои на еден или друг начин укажуваат на тоа дека било каков вид на насилството врз децата е недозволиво и мора да се санкционира, без разлика дали е врсничко или од страна на возрасно лице, а сé со цел да ги поттикнеме родителите, граѓанските организации, медиумите, училиштата, градинките и пред се релевантните државни институции приоритет во работата да им биде примената и почитување на правата на секое дете.