Кралот на модата што никогаш не се смее конечно ја покажа насмевката и ги шокираше сите
Карл Лагерфелд го градеше сојот имиџ со години, но во Париз се појави во неверојатно издание.
Откако во 1983 година Карл Лагерфилд, неколку децении по смртта на основачката Коко Шанел ја презеде креативната контрола над модната куќа Шанел, таа стана една од најпрофитабилните брендови на светот.
Шанел денес заработува повеќе од четири милијарди годишно, со што ги надминува сите останати модни куќи. Иако е речиси двојно постар од останатите креативни директори на светските модни куќи, Лагерфелд и денес создава неверојатно атрактивни колекции со кои ги воодушевува сите.
Но деновиве овој 85 годишен моден дизајнер кој на фотографиите секогаш изгледа сериозно, отмено и препознатливо, реши да ја покаже својата широка насмевка, кога се појави на Елисејските полиња, и ги шокираше сите. Нему му припадна честа да ја вклучи овогодишната новогодишна расветла во Париз, а кога се насмеа и покажа дека му недостасуваат неколку заби и дека со заболекарите не стои баш најдобро, сите останаа изненадени.
Но и со ваква насмевка тој зрачи со својата посебна енергија. Тој во едно од неговите последни интервјуа изјави дека и покрај годините се чувствува одлично. „Повеќе не се дебелеам. Петнаесет години сум на диета, но сега можам да јадам се што сакам, а да не се поправам ни грам. Тоа е баш чудно“, заклучи во април оваа година генијалниот дизајнер.