Ова е вистинската причина за разделбата помеѓу Кејт Мидлтон и принцот Вилијам – тие раскинаа поради оваа личност
Документарецот за војводата и војвотката открива што се случи кога складниот пар се раздели во 2007 година.
Иако принцот Вилијам и Кејт денес важат за пример како треба да изгледа еден кралски брак, и тие како и речиси сите други имале свои успеси и падови. Најголемата криза во нивната љубов се случи во 2007 година кога беа и накратко раздвоени, а според едно стручно лице за кралските односи, причините за тоа треба да ги бараме во нејзиното потекло, односно во потеклото на семејството Мидлтон.
Имено, нивните животни патишта се разделија во 2007-та година, наводно поради ултиматумот за свршувачката што му го поставила Кејт на Вилијам. Поранешниот кралски уредник Данкан Ларкомбе, кој се појави во документарецот на Амазон „William & Kate: The Journey“ не верува во тоа и вели дека зад нивната разделба стои семејството Мидлтон.
„Една од моите теории е дека тие се разделија поради потеклото на семејството Мидлтон“ вели тој.
Ларкомбе својата теорија за поткрепува врз темелите на познатите факти дека пријателите на Вилијам секој пат кога ќе ја виделе Кејт ќе се шегувале на сметка на нејзината мајка, која работела како стјуардеса, извикувајќи ја фразата што го користи авионскиот персонал „doors to manual“.
Имено, мајката на Кејт Мидлтон, Карол, доаѓа од работничка класа и е потомок на сиромашни рудари и градители, а кариерата ја има започнато како стјуардеса, додека таткото на Кејт, Мичел, бил диспечер за авиони во „British Airways“. Но и покрај скромните почетоци, животот на Кејт не е одбележан со немаштија. Карол ја покрена семејната компанија „Party Pieces“ и со продажба на забавен програм за деца преку интернет заработи повеќе милионско богатство. Нивната семејна куќа во Беркшир вреди повеќе од милион фунти, а за станот во Челзи платиле 750 илјади фунти во готово, додека нивните три деца оделе во приватно училиште каде годишна партиципација изнесува речиси 30 илјади фунти.
Кејт и Вилијам се запознале на факултетот, а разводот следуваше откако заедно поминаа пет години. Принцот Вилијам сакајќи да ја избегне грешката што ја имаат направено неговите родители кои прерано склопија брак, реши да започне ново поглавје во животот и да стане војник.
Иако вестите дека се разделиле ги полнеа весниците, Кејт беше окупирана со запознавање на лондонската општествена сцена и нивниот однос го држеше во дискреција. До средината на мај разговарале само по телефон, а потоа во јуни Кејт беше забележана на костимирана забава во касарната на Вилијам. Во август заминаа на Сејшелите, каде Вилијам вети дека ќе ја запроси.. Се свршија во октомври 2010 година, а се венчаа во април следната година.
Во едно интервју и двајцата признаа дека краткото време што се разделиле била нивна најдобра одлука.
„Мислам дека во тоа време не бев најсреќна поради таквата одлука, но тоа всушност ме направи посилна личност, бидејќи знам некои работи за себе кои можеби до тогаш не ги сфаќав“, изјави тогаш Кејт и додаде дека како млада личност љубовниот однос може силно да влијае и откри дека во тоа време ни не сфаќала колку и е потребно време само за себе.
„И двајцата бевме многу млади, се баравме себеси и бевме различни карактери“, се надоврза Вилијам.