Реклама
ФитнесХоливуд

Јасмина има 63 години и изгледа двојно помладо – НЕ сум на диета, го јадам само ова (фото)

Реклама

Оваа дама е една од ретките манекенки кои и во својата седма деценија за занимава со оваа работа

Јасмина Роси е манекенка од Франција која својата кариера ја започна на 30. години, односно во периодот од животот кога повеќето супермодели се пензионираат. Но тоа е нејзиниот почеток. Таа и денес, во седмата деценија активно се занимава со оваа професија.

Маркетинг

Јасмина има 63 години и е една од ретките манекенки во тие години кои модните куќи редовно ги ангажираат за да им ја презентира дизајнерската облека, и што е најинтересно, тоа посебно важи за костимите за капење!

https://www.instagram.com/p/Bp0sSkFjNa2/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

Јасмина која порасна на островот Корзика, успеа да го задржи својот младолик изглед и има згодно тело со совршено обликувани мускули, додека на лицето може да и се забележи по некоја брчка. Нејзината убавина е природна и таа е заговорник на здравиот начин на живот кој вклучува органска исхрана, физичка активности и користење на природни масла.

https://www.instagram.com/p/BmvnS98nSBW/?utm_source=ig_embed

Убавата манекенка која порасна на островот Корзика, вели дека отсекогаш јадела органска храна и пред таа да стане тренд во светот. Јасмина заговара живот во симбиоза со телото и природата, и истакнува дека е важно да усвоите здрав начин на живот. Никогаш не користела никакви лекови, а нејзината исхрана се состои од свежи органски производи (овошје, зеленчук, житарки, јајца и риби).

https://www.instagram.com/p/BpfnSPbD8FT/?utm_source=ig_embed

Јасмина не се придржува до никакви ригорозни диети, но не јаде преработена храна, додека омилено овошје и е авокадото кое го консумира секој ден бидејќи е богато со влакна, бакар, фолна киселина, витамин Е, Ц, Б5 и Б6.

https://www.instagram.com/p/BoQpuSinG2U/?utm_source=ig_embed

Не пие газирани пијалаци ниту индустриски сокови (бидејќи се полни со шеќер) и престана да консумира алкохол од периодот кога влегла во менопауза. Кога станува збор за кафето, го збогатува со кокосово масло и жолчка!

https://www.instagram.com/p/BqWHs_LDH3X/

Користам разни масла во исхраната, но користам и за нега на мојата кожа. Ставам масло од репка на својата кожа. Пилинг правам еднаш неделно користејќи ладно цедено маслиново масло и шеќер, а јадам авокадо секој ден и органско месо, открива оваа симпатична Французинка.

https://www.instagram.com/p/BpKyOBQndDG/

Таа и вежба секој ден, а омилени и се јога и шетање покрај морето. За да го обликува своето тело редовно прави стомачни и чучњеви со кои го постигнува својот атлетски изглед. Оваа дама која им е инспирација на многу жени, ги советува сите да го прифатат своето тело и природните карактеристики, наместо да ги кријат. Вели дека денес се чувствува посреќни и подобро во својата кожа отколку кога имала 20 години.

https://www.instagram.com/p/Bobw4QQn5YL/

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button