Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Биковите ќе бидат посветени на саканата личност, а Рибите ќе трошат премногу

Реклама

Интересен четврток за некои хороскопски знаци.

Овен

Ситуациите во деловниот сегмент се променети, па нема да знаете на која страна да се свртите. Ќе бидете доста ангажирани, но во исто време и загрижени дали ќе успеете да ги завршите работите навремено. Комуникацијата со саканата личност ќе ви биде одлична.

Бик

Денес ќе имате прилив на позитивна енергија и многу лесно ќе се справувате со сите обврски. Поинаков пристап кон проблемите ќе ви помогне побрзо да дојдете до целта. Саканата личност ќе биде изненадена од вашата иницијатива, но ѝ годи што сте толку посветени.

Маркетинг

Близнаци

Денес ќе бидете доста нетрпеливи. Не можете да дочекате да се решат некои ситуации и ќе инсистирате на поголемо брзање. Ден кога е можно ново познанство со интересна личност.

Рак

На работното место ќе имате многу гужва и вревање и ова од една страна ќе ви пречи, но од друга страна ќе ве мотивира и вие да се ангажирате. Успевате добро да се снајдете, па бидете сигурни дека ќе ги завршите работите навреме. Одличен ден за средба со личности за кои сте заинтересирани. Можни се и тајни средби.

Маркетинг

Лав

Во последен момент ќе успеете да завршите некоја работа, па конечно ќе се опуштите. Но, ова опуштање ќе биде кратко, затоа што пред вас се нови задачи. Изгледа дека нема да имате многу мир. Една личност ви го посветува сето свое внимание.

Девица

Иако денес ќе ви биде преку глава од работа, од една страна ќе ви годи толку ангажирање. Некои ќе ви го одземаат вниманието, па вам ќе ви биде потребно многу трпение. Напнат однос со шефовите. Време е да излезете со саканата личност.

Вага

Иако сакавте некои обврски да ги оставите за наредната седмица, после добиените критики, ќе мора да се фатите на работа. СКлони сте да ги обвинувате другите за нешто што вие сте го направиле. Ви пречи што пријателите се мешаат во вашиот емотивен однос.

Скорпија

Очекувате некој денес да ви го исполни своето ветување и да ви помогне околу некои деловни обврски, а најверојатно тоа и ќе го направи. Нестрпливи сте да се сретнете со некоја личност која ве привлекува, затоа што не можете таа личност да ја отфрлите од мислите.

Стрелец

Иако своите деловни обврски ги завршивте како што треба, вашите деловни партнери не се задоволни. Не ви се допаѓаат нивните бурни реакции, иако реално нема голема причина за тоа. Обидете се да направите компромис, иако за тоа ќе ви биде потребно големо трпение.

Јарец

Она што денес се случува на работното место нема да ви годи и до некаде ќе ви ги уништи плановите. Ќе мора да се снајдете во некои ситуации кои ви доаѓаат неоекувано. Во попладневните и вечерните часови ќе се смирите и ќе бидете склони кон искажување емоции.

Водолија

Свесни сте дека треба да им се посветите на своите обврски, но моментално мислите ви се на сосема друга страна. Окупирани сте со некој финансиски прилив кој нетрпеливо го очекувате. Едвај чекате да се сретнете со саканата личност.

Риби

Денес сите работи ќе ги завршите во последен момент. Обидете се да се организирате малку подобро и водете сметка за своите трошоци. Длабоки емоции и потреба да поминете што е можно повеќе време со саканата личност. Уживајте…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button