Личностите родени во знакот Стрелец уживаат да им солат памет на другите.
Тие немаат претстава колку ги иритираат другите кога се трудат да бидат најпаметната личност во просторијата. Кога ќе станат ентузијасти околу нешто, нема да престанат да зборуваат за тоа, дури и ако другите им сигнализираат дека е доста. Стрелците се уверени дека може да ви го променат животот, само ако ги послушате нивните совети. Дури и ако и вие сте ја прочитале книгата за која тие ви зборуваат, тоа нема да ги запре да ви раскажуваат различно случки од неа.
Стрелците се оптимисти во погрешни моменти, а своите пријатели ги излудуваат со барањето позитивност во сите работи. Секоја лоша случка за нив е лекција, а зборуваат за тоа дека самите си ја привлекуваме несреќата со негативните мисли. Не треба да ве чуди ако Стрелците ви кажат дека самите сте си криви што некој ве малтретира и дека треба да имате попозитивно мислење. Ако не барате совет од нив, тие ќе се навредат, затоа што сметаат дека најдобро знаат како да излезете од непријатните ситуации.