Трендови кои НЕ излегуваат од мода – освежете го вашиот гардеробер со овие три безвременски модели!
Нова сезона, нови трендови…
Но секогаш постојат и оние безвременските трендови на кои им се навраќаме секогаш кога пред нас е нова сезона или ќе се промени времето. Денес во фокусот ни се токму таквите модели за кои велиме дека не им минува времето, а кои се тие и како да ги носите погледнете во продолжение.
https://www.instagram.com/p/BoGnyVaBpWG/?utm_source=ig_embed
Мантили
Елегантните тренч мантили се одлични за преодниот период, а и самата боја и материјалот ги прават да бидат идеални за комбинирање со најразлични стилови.
https://www.instagram.com/p/BoGozEKBYU2/?utm_source=ig_embed
Чизми до глужд
Овој модел на многу жени им претставува совршена средина помеѓу патиките и високите чизми. Рамни или со кратка, дебела пета, овие модели се совршени за овој период од годината и одлично стојат речиси со сé.
https://www.instagram.com/p/BoGzqP3lSvD/?utm_source=ig_embed
Оксфордки
Ако чизмите до глужд се премногу рокерски за вашиот стил и повеќе ви се допаѓа елегантниот начин на облекување, тогаш овие чевли се совршено решение за вас.
https://www.instagram.com/p/-lNMR-lzwD/
Можете да ги носите речиси со сите ваши есенски комбинации, а и во продавниците ќе најдете најразлични модели.