Убавата Кејт Мидлтон повторно воодушеви со својот моден избор.
Добро расположениот пар мамеше воодушевување на еден настан на кој се појавија неодамна, а британските медиуми се позанимаваа со модната комбинација на омилениот член на кралското семејство.
Кејт Мидлтон се држи до добро познатите правила да не ја менува успешната формула, па носеше минатогодишна комбинација на облека. Скромната војвотка заблеска во прекрасен син фустан-капут. Истата креација таа ја носеше во јануари минатата година, при посета на центарот Ана Фројд во Лондон, а интересно е и тоа што носеше исти потпетици, овој пат во плава нијанса.
Невпечатливата шминка и младешката фризура го надополнија изданието на оваа прекрасна мајка на три деца, која по раѓањето на принцот Луис им се врати на кралските обврски.