Марија Шерифовиќ го прослави својот 34-ти роденден, а притоа ги отвори своите желби за наредната година. Таа одлучи дека не сака да се впушта во емотивни врски, па ги откри и причините за тоа.
„Ќе прославам во кругот на семејството, некоја вечера и тоа е тоа. Уште немам добиено ниту еден подарок, а на полноќ ме изненади мајка ми и еден пријател. Себеси си посакав да бидам здрава, права и насмеана и да имам доволно инспирација“, рекла таа, па додава:
„Не посакав љубов, мислам дека тоа создава само големи проблеми. Колку сум постара, толку помалку имам нерви за луѓе и за дружења. Сето тоа е пластично, како PVC. Се трудам да водам мирен живот, изгледа возбудлив, но досаден. Денес сфатив дека ги газам 35-те години, време е да водам опуштен живот. Единствен дел кој другите треба да го знаат за Марија е кога ја работам својата работа“.