Жените родени во овој хороскопски знак се комуникативни и духовити, но и многу љубопитни. Станува збор за Близнаците.
Жените Близнаци од својот потенцијален партнер бараат ментална компатибилност, со цел да им го задржат вниманието, бидејќи не дозволуваат игри со своето тело од страна на личност што не е способна да ги предизвика интелектуално. ие постојано ги прилагодуваат своите потреби, а истото се обидуваат да го направат и со партнерот. Промената е важен дел од нивниот живот, како и од психолошкиот развој. Тие се спремни да го употребат сето „женско оружје“ – целиот шарм и привлечност со цел да го добијат тоа што го сакаат.
Овие дами лесно се заљубуваат и затоа тежнеат кон идејата да имаат повеќе љубовници одеднаш. Лесно започнуваат разговор, посветени се на своите цели и способни се со шарм да ги маѓепсаат сите што ќе бидат во нивна близина. Тие се нешто како љубовен пијалак – штом ги пробате, веднаш ќе полудите за нив!