Посебно ќе се израдуваат дамите кои веќе имаат долга коса…
На 12 ноември во Њујорк беше одржано свеченото доделување на наградите Glamour Women of the Year, а помеѓу добитниците на блескавите награди за жена на годината беше и манекенката Криси Тајген, која го искористи доделувањето за претставување на својата нова фризура. Криси, која со години ја негуваше боб и лоб фризурата, сега се одлучи за екстензии, па својата долга коса лесно ја извитка во бранови, па навистина зрачеше со сексипил. Освен со фризурата, таа воодушеви и со својот аутфит.
Криси носеше асиметричен бел фустан со еден ракав, а изгледот го надополни со црна ташна и ефектни сребрени висечки обетки кои сјајно го заогружија овој гламурозен изглед. Воодушевен од нејзиниот изглед беше и нејзиниот сопруг, пејачот Џон Леџенд, кој во солзи одрржа почесен говор за својата сопруга и ги растопи насобраните.