Најмодерната прва дама остана во сенка на прекрасната сопруга на чешкиот премиер
На државната вечера по повод 100 години од завршување на Првата светска војна се собраа најголемите светски моќници, вклучувајќи ги и Емануел и Брижит Макрон. Најдобро облечената прва дама пленеше од глава до пети, но нејзината комбинација не беше ни до колена во споредба со сопругата на чешкиот премиер Моника Бабишова, која беше најголемо изненадување.
Иако претходно тој ден модно ја победи Меланија Трамп (види го овој моден двобој тука) француската прва дама Брижит Макрон падна во втор план на државната вечера по повод 100 години од завршувањето на Првата светска војна откако во музејот се појави Моника Бабишова, заедно со сопругот и чешкиот премиер Андреја Бабиш.
Моника вниманието го пленеше со атрактивен црвен фустан со спуштени ракави и ефектна јака која ги открива рамениците. Таа фустанот го носеше со „nude“ салонки и сатенска плико чанта со потписот на „Bottega Veneta“ додека косата ја носеше подигната во разбушавена пунџа.
Брижит Макрон носеше интересна комбинација во сина боја од глава до пети со потписот на омилениот бренд на француската прва дама, Louis Vuitton.
Па која од овие две комбинации ви изгледа подобро?