Реклама
MAMAРецепти

Наместо компир, пробајте го овој уникатен рецепт за помфрит од тиква

Реклама

Пробајте да ги замените компирите со овој помфрит од тиква…

Потребни состојки:

  • 1 мала тиква
  • 2 лажички кари
  • 2 лажички лук во прав
  • 1 лажичка кромид во прав
  • 1/4 кесичка бибер
  • 1 лажичка маслиново масло

Начин на подготовка: Сечете ја тиквата на половина и од неа извадете ги семките и излупете ѝ ја кората, па потоа исечкајте ја на тенки парчиња како за помфрит. Ставете ги во сад и на нив нанесете маслиново масло и зачини. Со раце измешајте ги со цел зачините рамномерно да се распоредат. Зачинетите парчиња тиква распоредете ги во сад за печење, којшто претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути, додека тиквата не омекне. Помфритот од тиква служете го со омилениот сос, како предјадење или ужина.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button