Реклама
MAMAРецепти

Рецепт: Солена пита со сирење и шунка која се топи во уста

Реклама

Солените пити се чест дел од нашата трпеза. Може да послужат како ручек или вечера, ладни се одлични и како појадок, а за нивна подготовка постојат брзброј рецепти. Денес ви прикажуваме еден рецепт за пита со шунка и сирење, а вие според своја желба може да додавате и други состојки.

Потребни состојки за тесто:

  • 200 грама брашно
  • 100 грама путер
  • 5 лажици вода
  • 1 лажичка сол

Потребни состојки за фил:

  • 3 јајца
  • 1 шолја исечкана шунка
  • 1 шолја сирење
  • Половична чаша млеко
  • Половина чаша павлака за готвење

Начин на подготовка: Замесете тесто од брашното, путерот, водата и солта. Тестото замотајте го во фолија и оставете го во фрижидер најмалку полоина час. За тоа време подгответе го филот. Измешајте ги јајцата, а потоа додајте млеко и павлака за огтвење. Кога ќе добиете еднолична смеса, додајте го сирењето и шунката. Тестото развијте го со дебелина од околу 5 милиметри и обложете го калапот за печење. Ставете го филот врз тестото и печете на 200 степени околу 45 минути. Оставете ја да се олади 10 минути, а потоа ставете ја во чинија за послужување. Уживајте!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button