Реклама
Нега и здравје

Оваа жена со вегенска исхрана успеа да го победи ракот, и покрај лошите прогнози од докторите кои и даваа помалку од година дена

Реклама

Бројот на вегани во последните неколку години постојано се зголемува во целиот свет

Во Велика Британија оваа бројка е четири пати поголема во последните четири години, пишува The Vegan Society. Па така ако во 2014 во Англија, Шкотска и Велс живееја околу 150 илјади вегани, во 2016 таа бројка порасна на 600 илјади, а сега најверојатно изнесува и многу повеќе.

Маркетинг

Веганите велат дека потребните намирници денес им се подостапни во продавниците, а на таков облик на исхрана се определуваат заради грижа за природата и правата на животните, но и поради влијанието на познатите личности како Ариана Гранде и Мајли Сајрус.

Секако важни им се и предностите за здравјето што ја дава ваквата исхрана како што е понизок крвен притисок, намален ризик од болести на срцето и дијабетес.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BYt42CBlvPB/?utm_source=ig_embed

 

За позитивното влијание на вегетаријанската прехрана на здравјето сведочи и 55 годишната Пени Лоун од Корнвил која тврди дека успеала да го победи ракот и тоа во поприлично напредна фаза откако почнала да јаде намирници кои се исклучиво од растително потекло.

Нејзе во 2013 и беше дијагностициран рак на панкреасот и докторите прогнозираа дека и остануваат уште од шест до девет месеци живот. Иако дијагнозата била тешка, Пени била дополнително во шок бидејќи водела здрав животен стил и малку симптоми укажуваа на тоа дека има рак.

https://www.instagram.com/p/Be3uGeBFXZe/?utm_source=ig_embed

 

По сите третмани, вклучувајќи ја и хемотерапијата и радиотерапијата, Пени можеше да направи оперативен зафат.

„По операцијата морав да се научам да живеам со проблеми со варењето на храната и само 20 отсто од панкреасот. Тоа психички ме промени и повеќето време се чувствував како беспомошно рането животно. Кога малку од малку закрепнав, решив дека не сакам да го поминам остатокот од животот загрижена дали канцерот ќе се врати“, вели таа за светски познатиот портал „UNILAND“.

Пени детално ги испрашала можностите и избрала веганска прехрана. „Инаку, статистиката кажува сé. Прехраната базирана на намирници од растително потекло е најздрава“, вели таа за порталот.

https://www.instagram.com/p/BlwTy4sF-Xp/?utm_source=ig_embed

Веќе две години е вегетаријанка и заклучува дека токму тоа имало големо влијание на нејзиното здравје кое многу и помогнало да го победи ракот.

„Апсолутно сум сигурна дека тоа е причината што се уште сум жива. Прилично сум витална, имам енергија и станав тренер по јога. Сега имам идеална тежина. Да се биде веган ви дава сила и сега се чувствувам како личност што најверојатно сум требала да бидам и порано и така сé би било многу подобро. Веганството потполно го промени мојот поглед на светот“, вели таа, а пренесе „UNILAND.COM“.

https://www.instagram.com/p/BmUWkz1lMH0/

 

За веганството треба само добро да е информирате и да научите како се храни рамномерно и да се внесуваат сите потребни нутриенти во организмот. Потребно е да поминете и дополнителни истражување, но ваквите исповести покажуваат дека веганството може и те како позитивно да влијае на здравјето кај поединци, па дури и кога се соочуваат со најтешките болести.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button